Захариевски е нов тренер на Пелистер!

Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста.

Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.

51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт.

Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција.

Захариевски ќе прозива на осми јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *