Во текот на вчерашниот ден Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за четвртото коло од ПМФЛ.Како што е познато ова коло нашиот Пелистер гостува во Тетово на екипата на Шкендија.
Момците на Костов се спремни и напорно работеа цела недела.Се очекува шефот на стручниот шеф да ги извади најдобрите 11 против Шкендија и така да ги нападне првите гостински 3 бодови оваа сезона.
Димитар Пилешков ќе ја дели правдата во Тетово, откако вчера беше делегиран од страна на ФФМ.Негови помошници ќе бидат Џонов Кристијан и Ѓоргиев Ристо од Штип, а четврт судија ќе биде Стојанов Стојанче од Штип.За делегат и контролор на овој натпревар се Зердески Кочо од Кичево, и Маркоски Марјан од Охрид.