Дечињата од ОУ “Коле Канински” во посета на ФК Пелистер

Денес во посета ни беа дечињата од второ одделение при ООУ ,,Коле Канински” – Битола, под водство на наставничката Ирена Богданоска.
Ние како клуб секогаш сме среќни и горди кога се работи за мали дечиња и кога треба да им покажеме како одблиску изгледа целиот процес на еден фудбалер и што сѐ е потребно за да бидат успешни спортисти.
За еден добар спортист, важно е да се биде и добар ученик. Формалното образование е најголемата вредност во животот на спортистот.
Дечињата имаа желба да се дружат и фотографираат со фудбалерите од првиот тим, ги интересираше како функционира еден фудбалски клуб, а дополнително имаа огромна заинтересираност и прашања за фудбалската професија, за тренажниот процес и за тоа како се станува добар фудбалер и спортист. Дечињата беа посебно горди дека дел од нивните фудбалски идоли беа ученици од ООУ„ Коле Канински“- Битола. На сите прашања имаа одговор од нашите фудбалери и од нашиот стручен штаб кои на најдобар начин ги пречекаа дечињата и им го посветија целото внимание.
Нашиот клуб и школа секогаш се отворени за сите заинтересирани мали дечиња како и за нивниот развој во фудбалскиот процес.
Ни беше задоволство што се дружевме!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *