Делегирани судиите за 4. то коло на ВМФЛ.Трпчевски ќе дели правда во Битола!

Трпчевски ќе биде главен делител на правдата во Битола

Оваа недела се игра 4. то коло од Втората македонска лига.

Тимот на Костов веќе една недела се подготвува за овој натпревар, кој истовремено е и дерби на колото.Пелистер е главен претендент за првото место и фаворит на овој натпревар.

Во историјата Пелистер и Детонит имаат одиграно само два меѓусебни дуели, и тоа предходната сезона каде што Пелистер имаше една победа и еден пораз.

Стојанче Трпчевски оваа сезона втор пат ќе ја дели правдата на нашиот тим откако во првото коло исто така беше делегиран.

Главен судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Помошници: Петар Новачев и Андреј Ќамилов (Велес)

Четврт судија: Ангел Гелов (Кавадарци)

Делегат: Жанко Савов (Скопје)

Контролор: Илир Сеља (Струга)