Оваа сабота стартува и новата сезона во втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и тоа со мечевите од 1 коло.
Пелистер гостува во Струмица, тимот на Костов спремен за првиот предизвик оваа сезона.
Оваа сезона ФК Пелистер е главен претендент за првото место, односно за квалификација во ПМФЛ и со тоа целите се високи, и на секој натпревар зелено-белите ќе одат на победа без разлика кој е противник. Ова е вкупно четиринаесетиот меѓусебен натпревар на двете екипи во историјата.
Прошлата сезона овие два клуба одиграа два меѓусебни натпревари, каде што Пелистерци забележаа една победа и еден пораз.
Костов го има целиот ростер на располагање и битолчани се надеваат на победа во првото коло
Главен судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 1.КОЛО ВО ВМФЛ – 12.08.2023 (САБОТА – 17 Ч)
Башкими – Охрид: Влатко Илиоски (Прилеп)
Победа – Тетекс: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Осогово – Беса: Доне Ристовски (Гевгелија)
Беласица – Пелистер: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Новаци – Арсими: Александар Василевски (Скопје)
Каменица Саса – Скопје: Фатмир Бафто (Охрид)
Детонит – Вардар (Н): Дејан Младеновски (Скопје)
Кожув – Караорман: Јосип Бартон (Скопје)