Две победи и два порази на младите надежи против Вардар

Младите на ФК Пелистер овој викенд имаа половичен успех на фудбалските терени во Битола и Скопје.

Први кој на терен излегоа беа кадетите, но за жал не успеаа во намерата да го победат Вардар на гостински терен, и го изгубија натпреварот со резултат 4-0.

Исто така во 13:00 часот играа и младинците на ФК Пелистер против своите врсници од екипата на ФК Вардар, кој исто така го загубија натпреварот со тесен резултат од 1-0.

Сепак вчера на теренот Павел Шатев во Битола, на сцена стапија помладите пионери и пионери, кој без проблем ги победија своите врсници и го продожија патот до врвот.

Имено помладите пионери кој настапија во на пладне во 12Ч, ги победија своите врсници на ФК Вардар со 1-0, со голот на Иванов Иван во 82′ од натпреварот, додека пак пионерите на ФК Пелистер ги декласираја своите врсници со убедливи 4-1 .Свој хет трик за 15 минути забележа извондредниот Стојчев Благој и тоа во 72′ , 83′ и 88′, и незаменливиот Спировски Стефан во 75′.