Старо нов член на ФК Пелистер е 23 годишниот Дарко Размоски кој игра на позиција крилен напаѓач. До сега настапувал во Брегалница, Беласица, Пелистер, Воска, Охрид и Вардар.
Чест ми е што сум повторно член на ФК Пелистер. Моите амбиции и амбициите на клубот се прва лига ќе дадам сѐ од себе да ја оствариме целта. – Дарко Размоски
Симеон Христов, Стефан Костов, Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески се нови имиња во тимот на Пелистер во овој преоден рок.
Во наредниот период клубот ќе објави уште едно до две имиња што ќе му се приклучат на тимот.