Полека, но сигурно го комплетираме тимот за новата натпреварувачка сезона 2024/25.
Со голема чест објавуваме дека Даниел Карчески е нашето најново засилување.
Задоволство ни е да го официјализираме и претставиме потпишувањето на ,,Карче”, кој претходната сезона го носеше дресот на ГФК Тиквеш. Од денес сме уште посилни на левата бековска позиција во тимот, на која Карчески треба да придонесе со своето големо искуство и квалитет.
Карчески е дете на Победа, а во својата кариера, освен за екипата од Прилеп, во македонскиот шампионат настапуваше и за екипите на Силекс и Тиквеш.Фудбалерот одма му се става на располагање на тренерот Костов и ќе биде во комбинација за предстојните подготвителни натпревари.