Вилдан Керим и Пелистер заедно и следната сезона 

ФК Пелистер и фудбалерот Вилдан Керим постигнаа согласност за продолжување на соработката за уште една сезона. Клубот покажа задоволство од претходните две сезони на искусниот фудбалер и на обострано задоволство соработката ќе продолжи.

30-годишниот Керим минатата сезона одигра 27 натпревари, постигна два гола и запиша три асистенции. 

Во својата кариера Керим настапуваше во повеќе клубови, покрај Детонит, беше дел и од Гостивар, Вардар, Скопје, Борец, косовските Дукаѓини и Дреница, а имаше настапи и во Турција.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *