Денес се одигра 6.тото коло од ПМФЛ, во кое нашиот Пелистер гостуваше кај екипата на Фк Беса во Гостивар.
Пелистер и покрај што има повредени неколку првотимци, излезе мотивирано на терен и тоа вроди со плод уште во 9 минута кога играч на Пелистер беше фаулиран, а еврогол од слободен удар постигна Вилдан Керим, кој го отвори резултатот за 0-1.
Но Пелистер не застана тука, напротив го засили и притисокот кон голот на Беса, а за нов еврогол се погрижи и капитенот кога испрати проектил кон протовничкиот гол и го зголеми водството за 0-2 и сигурно водство на Пелистер!
Во второто полувреме Пелистер како да влезе по резервирано, со цел да го зачува водството, но една грешка на одбраната доведе до намалување на водството на 1-2, па Костов веднаш реагираше со неколку измени, во игра влегоа Кардозо, Фернандињо, Катаниќ, Ивановски.С, и Тодороски и со тоа го засили нападот.
Новите засилувања веднаш стапија на сцена, каде во 77 минута преку една полу контра на Фернандињо, а овој несебично асистираше до Катаниќ кој го постогна својот првенец во зелениот дрес, а трет на денешниот натпревар.
До крајот на натпреварот Беса постигна и втор погодок за 2-3, па тоа и беше конечниот резултат на денешниот натпревар.Со овие 3 бодови Пелистер е сега на 7 та позиција на табелата со 8 бодови на своето конто.
Следен натпревар Пелистер го игра на домашен терен во Среда на 25.09.2024 против екипата на Работнички.