(ВИДЕО) Изјави пред натпреварот со Борец

ФК Пелистер го одработи и последниот тренинг пред утрешниот натпревар против екипата на ФК Борец од Велес кој се наоѓа на последното место од табелата во втората МФЛ. Сите фудбалери се на располагање за утрешниот натпревар. Свои изјави за утрешниот натпревар дадоа кондициониот тренер Саше Велјановски и дефанзивецот Христијан Стојановски.

Нашата цел се знај, тоа се знај дека одиме на победа, и се надевам дека со помош на битолската публика заедно ќе се радуваме на нова победа, кратко изјави Христијан Стојановски

Како и минатата, така и оваа недела, одработивме добро и генерално сите играчи се конкуретни за првите 11, и исто така се надеваме на позитивен резултат и три бодови од овој натпрева, и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите симпатизери и фанови, изјави Саше Вељановски

https://www.youtube.com/watch?v=JK_vJPYU–k&t=2s