Денеска се одигра 18.то коло од ВМФЛ.Нашиот Пелистер како домаќин ја пречека екипата на ФК Каменица САСА.
По убаво време, и убав тревник денеска фудбалерите на Пелистер ги одмерија силите со ФК Каменица Саса.Првото полувреме се играше тврдо, но сепак имаше изгледни шанси за да се отвори резултатот, но за жал гледачите на стадионот Петар Милошевски не видоа гол, односно мрежите мируваа првите 45 минути.
Второто полувреме започна поофанзивно за пелистерци, кој секако имаа за цел да ги освојат трите бодови и само победа им беше во мислите.Тоа и вроди со плод, откако после еден направен прекршок надвор од шеснаесетникот, капитенот Љамчевски постигна евро гол од слободен удар и биеше директно во ќошот од рамката на голот, за голема радост кај битолчани.Противникот се обидуваше нешто да направи, но немаше сили за изненадување па затоа во 83 минута од натпреварот точка стави младиот Михаил Талевски кој после една прекрасно одиграна акција ладнокрвно биеше во голот на противникот за конечни 2-0.
Вреди да се напомене дека пред почетокот на овој натпревар, клубот започна со продажба на оригинални дресови.
Следен натпревар кој нашиот Пелистер го игра е во Вторник (0.03.2024 во 14:00 часот, против екипата на Детонит Плачковица, и тоа е натпревар кој што мора да се добие по секоја цена.