“Вечното дерби” трет пат по ред нерешено

Вечното дерби кое денеска се одигра на стадионот “Борис Трајковски”, по трет пат завршува без победник.Пелистерци денес започнаја интензивно,со неколку шанси, но сепак без резултат.

Во средината на првото полувреме, двете екипи имаа јалови шанси, се надигруваа за во 43 минута од натпреварот Десниќ од левата страна на шеснаесетникот го изненади нашиот голман за 1-0.Со овој резултат се отиде на одмор, додека пак во второто полувреме Бабунски направи двојна измена, ги внесе Маневски и Парталко, и играта доби малце на свежина.По едно проигрување на Спиркоски во шеснаесетникот на Вардар, беше соборен и судијата досуди пенал за Пелистер, кој нашиот капитен Маневски го изведе сигурно и ги доведе конечните 1-1.

Следениот и последен натпревар оваа сезона се игра на 13.05.2023 год/17Ч, во Битола против екипата на Каменица Саса.

За жал ФК Пелистер оваа сезона не успеа да обезбеди бараж за влез во ПМФЛ, и следната сезона ќе се натпреварува во во ВМФЛ.