Вечното дерби се враќа во мода, вечните ривали повторно ќе ги вкрстат копјата на точно една година од последниот историски натпревар во Битола, во битолскиот пекол каде пред повеќе од 6000 гледачи, Мирко Ивановски во 90+ ја донесе победата за зелено-белите.
Ова дерби е 48 меѓусебно дерби, ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски” во Битола во вечерен термин од 17:00 часот.Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Милан Стојановски на располагање ќе ги има скоро сите фудбалери, освен повредениот Трајковски и Бошковски.
Ова вечно дерби ќе го суди кичевчанецот Александар Грујоски.
На отворената прес-конференција, претседателот на Пелистер, Александар Стефановски најави дека сите приходи од купените билети ќе бидат донирани на семејството на прерано починатиот спортски работник и кошаркарска Битолска легенда, Зоран Петковски.
