БОМБА БО БИТОЛА-Мирко Ивановски потпиша за Пелистер!

Битолски Пелистер работи напорно на екипирање на тимот за новата сезона во Првата македонска лига, а тоа го потврдува новото засилување кое денеска е претставено пред јавноста и навивачите на Пелистер!

Нашиот најдобар играч е тимот, а во него секогаш има лидери, идејни водачи, капитени. Меѓу оние кои го чувствуваат дресот, го знаат култот на Пелистер и неговата историја е нашето најново засилување. Напаѓачката улога во сезоната 2024/25 му ја доверивме на поранешниот репрезентативец на Македонија, Мирко Ивановски. Тој денес се обврза на потпис на договорот со матичниот клуб и неговото враќање посебно го радува нашето фудбалско семејство и армијата навивачи.

34-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во нашиот дрес и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров. Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. Тој настапуваше за шест романски клубови: Петролул, Клуж, Астра Ѓурѓу, Конкордија, Динамо Букурешт и Тунари.

Неговиот фудбалски пат го водеше во Чешка, Полска, Турција, Хрватска, Унгарија. Настапуваше за: Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер…

За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *