Благоја Љамчевски, поранешниот капитен на Пелистер, играчот што го оставаше срцето на теренот и официјално се пензионира од играње професионален фудбал на свои 38 години.Изданок е на школата на Пелистер, а фудбалскиот пат освен во Пелистер, го носеше и Македонија ЃП, Победа Прилеп, Металург Скопје, Вардар Скопје, Шкупи и Тиквеш.
Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува јавноста дека утре пред почетокот на натпреварот од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига против Македонија ЃП (12:30 часот), ќе биде одбележан крајот на кариерата на на нашиот поранешен фудбалер Благоја Љамчевски.ФК Пелистер се одлучи да го одбележи неговиот пат во зелено-белиот дрес со пригодна свеченост.
Благоја Љамчевски во дресот на Пелистер одигра 200 официјални натпревари, на кои постигна 35 голови и подели 50 асистенции.
