
Фудбалската федерација на Македонија денеска ги делегираше судиите за 22.то коло од ВМФЛ.Судијата Бартон Јосип е делегиран да го суди натпреварот во Битола помеѓу Пелистер и ГФК Вардар Неготино.
Негови помошници ќе му бидат: Љиворека Хабил од Тетови како 1 помошен судија, Абази Имран од Тетово како 2 помошен судија, Никодиновски Иле од Скопје како 4 судија, Бакали Дритан од Дебар ќе биде Делегат на овој натпревар, а додека контролор ќе биде Ангеловски Горан од Прилеп.
Да потсетиме дека во Сабота, односно утре во 15:00ч се игра 22.то коло од ВМФЛ.Во Битола домаќинот Пелистер ќе го пречека тимот на ГФК Вардар Неготино.На последниот официјален меч помеѓу овие две екипи, Пелистер забележа победа од 0-1, а стрелец на тој погодок беше Христов во 80 минута од натпреварот.